Најчудните американски закони за секс

Дали знаете дека можете да бидете уапсени за секс во џиновско парче сирење? Дури и најчесниот Американец сигурно има прекршено некој од овие чудни локални закони.


На пример, во Оксфорд, Охајо жените би можеле да завршат во затвор ако се подготвуваат за спиење пред фотографија на маж.

Во Аризона, Флорида, Ајдахо, Индијана, Масачусец, Мисисипи, Небраска, Невада, Њујорк, Охајо, Оклахома, Орегон, Јужна Дакота, Тенеси, Јута, Вермонт, Висконсин и градот Вашингтон ерекции кои се забележливи под облека се забранети.

Во Александрија, Минесота, на мажите им е забрането да имаат секс со својата сопруга веднаш по јадење на лук, кромид или сардини.

Во Тремонтон, Јута, жените можат да заработат обвинување за сексуален престап ако бидат фатени во извршување на сексуален чин во возило на брза помош. Интересно е тоа што не постои таков закон за мажи.

Во Ејмс, Ајова, на мажите им е забрането по секс да се напијат повеќе од три голтки пиво.

Боузмен, Монтана, забранува било каква сексуална активност во двор на куќа по зајдисонце, но само во отсуство на облека, што значи ако носите чорапи нема да бидете уапсени.

Конорсвил, Висконсин им забранува на мажите да пукаат со огнено оружје додека нивната партнерка доживува оргазам.

Во Флорида им е забрането на немажени, разведени жени и вдовици да скокаат со падобран во недела попладне.

Во Вилоудејл, Орегон мажите не смеат да извикуваат пцовки додека имаат секс со своите сопруги.

- Реклама -