Скопјани уживаа во првото неделно Indian Buffet во Peacock

Првото Indian Buffet во организација на ресторанот Пикок го обележа скопското неделно попладне.

Indian Buffet_Peacock_Tanja, Elena & Milena

Целодневната закуска беше исполнета со вкусовите и мирисите на егзотичната Индија. На индиското бифе, понудено по принципот „земи колку што сакаш“ за фиксна промотивна цена, единствени на менито беа индиските традиционални специјалитети и пијалаци.

Indian Buffet_Peacock_Daniel Dann, Jana Burcevska, Viktor Apostolov & Andrijana

Скопјани привлечени од понудата и од желбата за истражување на индиската кујна, уживаа во специјалитетите подготвени од индискиот шеф на кујна, според традиционален индиски рецепт и во соодветни садови и фурна. Причина за големиот интерес на скопјани за неделното индиско буфе, е запознавање со индиската култура, начин на живот, што ги вклучува и традиционалните кулинарски вештини, храна и пијалаци. Според нив, Пикок нуди целосен пакет на нештата кои сакале да ги дознаат за Индија.

Indian Buffet_Peacock_1

„Индиското неделно бифе, како начин за релаксирање со кулинарски специјалитети и пријатен муабет, ќе биде редовна неделна понуда во ресторанот Пикок. Секоја недела во истиот период, Indian Buffet во Пикок ќе нуди различни специјалитети од нашата не толку далечна, по вкус за македонците, кујна. Со ова сакавме да им понудиме на скопјани уште една можност за опуштено уживање во неделното попладне во пријатна атмосфера и исполнето со вкусна храна“, изјави Сонали Семвал, менаџер на ресторанот Пикок.

Indian Buffet_Peacock_2

 

- Реклама -