Социјалната мрежа Facebook може да биде многу корисна, но не само заради забава и комуникација, туку и заради интересни статистички податоци. Дали сте знаеле дека преку статусот на ФБ може да дознаете кога вашата љубовна врска ќе доживее крај?
Кога ќе бидете оставени?
Дејвид МекКендлс пронашол многу интересно хоби што вклучува проучување на преку 10 000 ФБ статуси.
Во соработка со тим луѓе ги проучувал статусите, а кои се поврзани со раскинување на љубовна врска. Истите ги споредувал со денот во неделата, датумот и уште некои карактеристични фактори и дошол до интересни резултати. Раскинувањата на љубовните врски најчесто се случуваат во понеделник, пред почетокот на летото и годишните одмори и две недели пред Божиќ.
Кои песни ги слушате кога сте заљубени, а кои кога сте оставени?
Дали сте заљубени или оставени е информација која, исто така, не може да и избега на социјалната мрежа. Тим луѓе ја проучувал промената на љубовниот статус и датумите на објавени песни. Дошле до заклучок дека Facebook точно знае кои песни ги слушаат луѓето кога се среќни, а кои кога се тажни.
Најчести песни на среќно вљубените:
Just The Way You Are – Bruno Mars
I keep on fallin – Alicia Keys
Good Feeling – Flo Rida
It Girl – Jason Derulo
Stereo Hearts – Gym Class Heroes ft. Adam Levine
Најчести песни на тажните и оставените:
The Cave – Mumford and Sons
Rolling in the Deep – Adele
Alicia Keys – No One
Call It What You Want – Foster the People
Without You – David Guetta ft. Usher