Веројатно не знаевте, како што не знаевме и ние, дека рацете можат да звучат како флејта. Мицухиро Мори, не само што ќе ве убеди, туку и комплетно ќе ве маѓепса.
Придружен од пијано, Мицухиро ги користи своите голи раце како инструмент и може да ја репродуцира секоја нота, креирајќи прекрасни музички дела. Никакви трикови не се вклучени. Следното видео ќе ви го потврди неговиот воодушевувачки талент, а доколу за проба ги затворите очите, ќе се заколнете дека слушате дувачки инструмент.
Неговиот колега, пијанистот Кеисуке Усуда бил импресиониран од необичната способност на Мицухиро, па ги здружиле силите и го формирале дуото „Piano and Hand Flute – Childhood”, кое зад себе има бројни настапи на телевизиски шоуа, неколку ЦД албуми и верна публика во многу земји низ светот.