Со само три чекори до совршени веѓи

Постојат три основни точки кои се наш показател за тоа како би требало да изгледаат совршените веѓи. Доколку сакате да имаат совршен облик, да ги прекриете најситните неправилности и на овој начин да го освежите лицето, применете го следниов трик.

1. Земете моливче, свртено со врвот нагоре и потпрете го вертикално со најширокиот дел од работ на носот. Точката над носот би требала да биде почеток на вашите веѓи. За да направите совршен облик, означете го ова место со моливчето.

60867664-zadovoljna-sasa-jokovic-obrve-sminkanje

2. На истиот начин измерете го местото од врвот на носот до надворешниот агол на окото. Точката над окото би требала да претставува крај на лакот на веѓите.

3. Како и во двете точки погоре, со помош на моливчето најдете ја и средишната точка. Имено, целете од врвот на носот кон средината на окото, односно просторот над зеницата. Одбележете.

Откако ги означивте трите точки, со помош на тврдо моливче кое е за нијанса посветло од вашите веѓи, исполнете гo празниot простор со лесно сенчање кон задните точки.

На овој начин освен што ќе ги прекриете неправилностите, ќе добиете ефект на природни, убаво обликувани и густи веѓи.

За да ви биде појасна целата постапка погледнете го видеото подолу.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=S98gDPv1uPw&feature=share&list=UUfPgKkDa_Y_QGzZV6RjLVxw[/youtube]

- Реклама -