Тој може да биде згоден, секси, шармантен, но за жал и лош во кревет. Како да го препознаете?
Верувале или не, се уште постојат мажи кои се убедени дека се апсолутни беспрекорни во сексот, а при тоа да немаа поим каде се наоѓа клиторисот, како жените доживуваат оргазам и од што зависи влажноста на вагината.
Такви мажи може веднаш да се препознаат вака:
1. Тие мислат дека знаат се за женското тело (а за жал повеќето мажи не знаат што точно да прават со клиторисот или уште полошо каде се наоѓа).
2. Тие мислат дека влажноста значи и возбуденост (некои жени може да бидат возбудени, а воопшто да не се влажни)
3. Тие мислат дека и жените и мажите го доживуваат сексот исто (вагината е почувствителна и за се да функционира како што треба потребни се повеќе услови, со други зборови околу жената треба повеќе труд за да доживее оргазам, а не само да го ставите пенисот и да мислите дека се е совршено).
4. Тие мислат дека знаат што и треба на жената (факт е дека нешто не е во ред со мажите што мислат дека „Ако на жената и треба вибратор за да постигне оргазам кој неможе да го постигне со маж нешто не е во ред со неа“. Напротив тоа е знак дека тој треба повеќе да се потруди).