Подготовка на вистинско турско кафе

Турското кафе е најпрочуениот пијалок од овие краеви на Балканот. Во него е запишана историјата, покорувањето, надежта на човекот, симболично отсликана низ фигурите кои ги создава талогот…Го пиеме толку често што веќе стана домашно кафе. 

turkish coffee

 

Има една интересна приказна за кафето во Унгарија. Имено, кога Султан Сулејман ја освоил Унгарија дошле високи унгарски претставници во Турција да потпишат договор, а Турците ги послужиле со кафе. На враќањето кон дома тие рекле: „ Бевме понижени…Толку многу што на крајот ни дадоа дури и да се напиеме црн чај“.

Подоцна кафето станува популарно секаде каде што стапнала турската нога.  Го пиеме да не држи будни, да го зголеми притисокот, со пријателите, во комбинација со цигара, како почеток на денот…

 

Најчесто се готви во ѓезве, а кремот или млекото никогаш не се додаваат во вистинкото турско кафе. Шеќер се додава по желба.

Шеќерот и кафето се ставаат  во ѓезве и се оставаат да се растопат заедно на рингла. Потоа се додава водата и се чека да се зготват, а подоцна се ставаат во шолја.

d92a954b6a1f5e72ed73443acbf9d583_zpsc2a9353a

Турското кафе секогаш се служи со пена на врвот.

Потребно е да биде добро и ситно сомелено.

Во некои религии, нечие богатство се покажува така што се ставаат неколку зрна кафе на тацната покрај шолјата.

- Реклама -