Почна маратонот во чест на Тоше Проески

Три дена ќе се трча во спомен на балканскиот принц, пишуваат хрватските медиуми.

Вчера утро во 6:05 часот од стадионот НК Слога тргна почесниот маратон во спомен на Тоше Проески. Шеста година по ред маратонците ќе трчаат од Нова Градишка, Хрватска до родното Крушево на пејачот, каде што треба да стигнат на 16 октомври.

Утринскиот дожд не ги спречи маратонците да го почнат патот, а годинава нив ги испрати заменик градоначалникот на Нова Градишка, Дарио Бан.

Пред три години пред Електротехничкото училиште во Нова Градишка беше поставена спомен плоча на Тоше, а вчера утро таму беше положен венец, а многубројни фанови запалија и свеќи.

029 123

Тоше освен по неговиот ангелски глас ќе остане запаметен и по хуманитарните дела и неговата позната реченица „Ве сакам сите“.

Пред 6 години на 16 октомври се разбудивме со тажната вест дека македонската музичка ѕвезда загинала во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска. Несреќата се случила кога автомобилот Туарег во кој бил Тоше удрил во камион, а тој почина на лице место на 26-годишна возраст.

- Реклама -