Home УмниБус Здравје Како настануваат фобиите и како да се справите со нив?

Како настануваат фобиите и како да се справите со нив?

0

Мразите затворен простор, јавен говор, птици, инсекти и што ли уште не? Или можеби патите од пентерафибија – страв од вкус или уште почудно, сидерофобија – страв од ѕвезди?

Постојат илјада познати фобии од кои некои оставаат трајни последици на луѓето. Добрата вест е дека секогаш можат да се излечат.

Како луѓето добиваат фобии?

Др. Џон Малуф, доцент по психологија на Универзитет во Англија вели дека некои луѓе имаат предиспозиции за анкцизност и тоа може да го забрза настанувањето на фобиите.

Тој тврди дека фобиите можат да настанат на три начини. Првиот и најчест е трауматичното искуство.

Др. Малуф вели дека неговиот татко е совршен пример . Како дете бил заробен во пештера со часови, поради невкусна шала на други деца. Поради тоа тој доживотно стравувал од темнина и тесни простории.

61109-73116

„Кога ќе се најдете во ситуација која вас ве потсетува на траума, вашата психа ве тера да избегнувате такви места“, објаснува тој.

Малуф додава дека фобиите истотака можеме да ги научиме од другите и тоа низ „симболично моделирање“.

Во секој случај фобиите го уништуваат животот на луѓето низ бројни искуства.

Меѓу најчестите фобии е стравот од јавен настап, но и од мали животни како птица, крт, па дури и жаба. Ако размислите подобро голема е веројатноста да е во прашање траума од детството. Првите јавни настапи во забавиште, градинка, патронат, рецитација поминале лошо, сте биле исмеани од друагрчињата, па потоа потсвесно избегнувате јавен настап. Можеби сте го погледнале како дете „Птици“ од Хичкок, па сега имате страв од птици.

5b339d59c31c_c2403357468391d496b041dd4c86cb8f_891

Во секој случај постојат и многу необични фобии.

„Списокот е бескраен. Постојат фобии за речиси се што може да ви падне на памет. Страв од овошје, допирање на стапала“, додава Малуф.

Како да се излечат?

Тој вели дека пациентите можат да се излечат со постепено соочување со нештата кои ги плашат одреден период, притоа да имаат  некој крај нив кој ќе им пружи поддршка. Ваквиот метод функционира во речиси 90 проценти од случаите.

10 најбизарни фобии

Аблутофобија – Страв од капење

Артимофобија – Страв од броеви

Батмофобија – Страв од скалила или стрмни делови

Гамофобија – Страв од брак

Гелиофобија – Страв од смеа

Итифалофобија – Страв од пенис во ерекција

3_types_87989488

Калигинефобија – Страв од убави жени

Катоптрофија – Страв од огледала

Пантерафобија – Страв од свекрва

Сесвипедалофобија – Страв од долги зборови

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here