Кого да следите на Twitter

Ова прашање најверојатно си го поставуваат сите корисници на Twitter бидејќи има огромен број на интересни личности кои постојано објавуваат квалитетни твитови. Затоа новата надградба на мобилната апликација за Twitter ќе ви дава предлози на најпопуларните твитови и твитерџии.

Доколку сте активен член на Twitter заедницата од голема важност е да учествувате во дебатите, дискусиите и секако сподекувањето на интересни коментари за различни начини, па сега овие известувања ќе ги добивате директно на вашиот мобилен телефон.

tweet android

Целта на Twitter е да стане што е можно повлијателна сицијална мрежа, па затоа и изборот на твитови ќе се однесува само врз потребите на вас како корисник, но и ќе ви помогне да ве забележат и останатите твитерџии кои ќе ги следат вашите објави.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -