Претерано збеснал и пукал во „Јеховините сведоци“

Сите знаеме колку знаат да бидат досадни претерано упорните „Јеховини сведоци“ кога ќе не начекаат да ја отвориме вратата без да погледнеме кој е. Сите знаеме и дека некогаш ни доаѓа да ги бркаме со се што ќе ни дојде при рака, иако само фигуративно. Е па, на Џон Болдвин, при рака му бил пиштолот. И не само фигуративно.

Тој испукал 19 куршуми кон колата со која заминувале тројцата посетители. За среќа, никој не бил повреден.
Baldwin
Болдвин, кој се доселил во соседството пред само еден месец, отпрвин започнал обичен разговор со евангелистите, но во моментот кога разбрал која им е намерата, збеснал и ги предупредил веднаш да си одат. „Тргнете ги вашите гнасни *цензура* од мојот имот! Се доселив овде за да избегам од такви како вас!“, се цитира во полицискиот извештај.

Иако тие се извиниле и влегле во колата со намера да си одат, Болдвин отворил оган. Еден од сведоците го чул како вели „Донеси ми ја деветката“, што се однесувало на неговиот 9-милиметарски пиштол. „Сведоците“ панично гледале во ретровизорите додека тој ги испукувал 19-те куршуми.

Тој веднаш го признал направеното и притоа бил многу смирен, како што соопштува полицаецот што го уапсил. Џон рекол дека не се обидувал да ги погоди и повреди, туку дека само сакал да ги избрка од својот имот.

Болдвин е обвинет за нанесување тешки телесни повреди и веројатно ќе се соочи со затвор.

- Реклама -