Сите 1,2 милијарда Фејсбук корисници на една слика

Доколку сакате да видите колку луѓе секојдневно користат Фејсбук, страната „thefacesoffacebook.com“, ги стави сите негови корисници, 1.2 милијарди, кои се претставени како обоени пиксели на оваа слика, но на која, при зголемувањеto, ќе можете да ги видите лицата на секој член на Фејсбук.

Оваа страна ја креираше дизајнерката Наталија Рохас. На прв поглед таа изгледа хаотично и потсетува на статична ТВ слика на која и недостига сигнал. Меѓутоа, со нејзино зголемување, веднаш станува јасно дека гледате во една огромна мрежа која содржи една шестина од светската популација.

383094_facebook1_ff

И додека самата слика изгледа како да нема никаков ред, фотографиите се наредени хронолошки, односно по редослед по кој луѓето се регистрирале на популарната социјална мрежа.

Доколку го споите вашиот Фејсбук профил со оваа веб страна, ќе можете да погледнете каде се наоѓа вашата слика на овој огромен колаж.

- Реклама -