Како се станува супер татко? – Домашен „Дедо Мраз систем“ (видео)

Сакате идеја како да ги израдувате своите деца и станете супер татко што го обожаваат?  Или можеби ви треба домашен транспортен систем?Само погледнете го проектот на Џеф Хајсмит. Загрижен поради бројот на светската популација и неможноста на „Забната самовила“ да стигне насекаде, тој направил транспортен систем, со кој паднатите детски запчиња, преку сет од пневматски цевки, ќе можат да бидат инсертирани и пратени директно до неа.

pts-system-diagram

Тој ги поврзал собите на своите синови со серија од ПВЦ цевки и скриен вакуум што овозможува всмукување во системот. Во двете соби, наместо контролна табла е поставен iPhone, со чија помош, преку Raspberry Pi, Џеф го контролира системот и се грижи запчињата да бидат безбедно доставени до другата соба. Во истата таа соба, подоцна, тој или неговата сопруга ќе ја подигнат доставата, а за возврат, во транспортниот контејнер ќе стават неколку железни парички (верувањето е дека Забната самовила остава монети под детските перници, во замена за млечните заби). Погледнете како тоа функционира.

Бонус факти:
Системот работи и со Дедо Мраз.
Ако ви фали дете за ваквата играчка, системот можете да го користите и за посериозни пратки низ вашиот дом.

- Реклама -