Teстирајте ја раката: Колку сте брзи во „скролање на 100 метри“?

Ако имате неколку минути овде можете да се тестирате колку сте брзи во користењето на глувчето од тастатурата. Совет, размрдајте ги рацете пред почетокот на трката.

За овој натпревар потребни ви се само мирна рака и добро глувче. Ако сте љубител на спортот и седењето пред компјутерот, тогаш ова е веројатно вистинската игра за вас. Веб страната 100meterScroll овозможува да се тркате на 100 метри без да имате потреба од патики. Се што е потребно е со користење на маусот побрзо да стигнете до целта. Се гледа вашето време, оддалеченоста и брзината, а по неколку минути ќе видите како сте се пласирале.

Играта можете да ја играте на следниов линк. http://the100meterscroll.com/

 

- Реклама -