94-годишна партизанка од Битола раскажува како „бугарските ослободители“ ја држеле во соба полна глувци кога имала 16 години

94-годишната партизанка Ратка Бакалиноска од Битола, поттикната од ветото на Бугарија и обидите да наметне поинакво историско гледиште на својата улога во периодот од Втората светска војна, во разговор со „САКАМДАКАЖАМ.мк“, раскажува како на нејзина 16-годишна возраст тогашната бугарска фашистичка власт ја измачувала и репресирала затоа што се декларирала како Македонка.

Бакалиноска е родена во 1926 година во Битола, носителка е на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), а одликувана е со повеќе ордени и признанија на републичко и федерално ниво.

Се приклучила во СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија) од свои 15 години, откако, како што самата посочува, кон крајот на 1941 година таа „и нејзините другари и другарки увиделе дека слободата на изразување на личните ставови и национален идентитет се доведени во опасност поради окупаторската политика на фашистичкото движење“. Со своите другари, успеале да формираат повеќе СКОЈ-евски ограноци, а нивната цел, потенцира Бакалиноска, била ширење на идејата за слободна Македонија и приклучување на нови млади сили во Народноослободителната борба.

Во разговорот со „СДК“, 94-годишната партизанка открива како паднала во рацете на бугарските агенти, со какви методи се служеле при испрашувањето, како ја притискале да ги предаде своите другари, како и да се пријави за Еврејка, а на секој одговор дека е Македонка добивала дополнителен затвор и изолација во соба со глувци. И сето тоа на нејзини 16 години, кога и заминува во партизани со надеж дека во ослободена Македонија ќе може да ја заврши учебната година… Прочитајте го нејзиното сведоштво ТУКА.

 

- Реклама -