Коза продадена за 3.5 милиони долари!

Саудиски бизнисмен ја продал својата коза за, верувале или не, 3.5 милиони долари! Интернет вчудоневиден од ваквата вест.

Неколку сајтови објавија фотографии од мултимилионската коза, но и од чекот потпишан од купувачот. Експертите за трговија со кози објаснуваат дека животното има уникатни особености и е од ретка раса.

ЧЕК

Сепак, Саудијците се чудат на ваквиот потег и сметаат дека купувањето на добиток по ваква цена е ништо друго освен екстраваганција.

Дел од блогерите, твитерџиите и останатите интернет-коментатори го осудуваат чинот и предлагаат подобри примени на потрошените пари на купувачот. Најголемиот дел, пак, се чудат и потсмеваат, како и секогаш.

- Реклама -