93-годишна баба замина во Кенија да посети деца сираци

Еве како внуката на „nonna“ Ирма („баба“ на италијански) ја опишува на нејзината Фејсбук страна:

„Ова е баба ми Ирма, млада дама на 93 години, која вечерва трга за Кенија.

Не во некое туристичко одмаралиште каде ќе ја служат келнери, туку во село со деца, во сиропиталиште. Ви ја покажувам затоа што верувам дека секој од нас треба секогаш да чува тронка непромисленост, со цел да живееме, а не само да преживееме“.

 

Баба Ирма донирала за сиропиталиштето веќе со години, а сега решила дека само донации не се доволни. Така еден ден ја информирала ќерката (мајката на внуката Елиза) дека ќе оди во Кенија, и ја поканила и неа.

Како што раскажува внуката, Ирма го загубила својот сопруг на 26 години, а оттогаш го поминува животот помагајќи им на други луѓе.

„Баба ми отсекогаш го сакала животот и никогаш не дозволила некој да ја запре“.

А изгледа веќе остава впечаток и во Кенија, каде што ќе престојува вкупно три недели.

Пар фотографии од нејзиното патување:

 

 

 

- Реклама -