Мапа на сите локации на кои удираат громови

Во оваа мапа, создадена со сателитски податоци на NASA, се прикажани сите места на кои удрил гром од 1995 до 2002 година. Историските податоци можат да им посочат на а научниците каде би можеле во иднина да бидат сретнати удари на гром. И со приближувањето на сезоните на торнада, монсуни и урагани овие информации би можеле да ви помогнат и на вас.

NASA има мапа на удари на громови која постојано се обновува со нови податоци, прикажувајќи податоци од 1998 па се до оваа година. Овие две мапи се релативно слични со исклучок на зголемената активност во Аргентина и Јужна Африка во поновата мапа. Исто така, според NASA, најголемиот број на удари на громови се во близина на реката Кататумбо во Венецуела (каде што има 40.000 удари секоја ноќ, речиси цела година), и во близина на планинското градче Кифука во Демократската Република од Конго.

Овие региони на мапите се претставени со темна боја која е симбол на илјадници удари. Во Универзитетот од Вашингтон во Сиетл, Роберт Холцврот работи на проект кој е во тек и чија цел е собирање на податоци за удари на гром од целиот свет. Користејќи сензори распоредени во целиот свет Холцворт и неговите колеги анализираат бранови со многу ниска фреквенција во радио сепктарот кои се резултат на громовите.

Тој создава мапи и анимирани gif слики кои го прикажуваат распределувањето на громови во различни региони, покажувајќи каде има најмногу удари на громови во даден период. Потоплите региони над копно привлекуваат повеќе удари. И однесувањето на громовите е доста предвидливо, што го олеснува планирањето на вашето патување ако цел ви е да го избегнете гневот на Зевс. Нормално, со растот на глобалната температура во текот на овој век овие мапи би можеле драстично да се променат. [A map of where lightning strikes most across the globe]

- Реклама -