Feedly Pro достапен за сите и со збогатени функционалности

Откако промовира ограничена промотивна платена верзија на својот сервис за само 5 000 претплатници, Feedly објави дека истата ја прави достапна за сите свои корисници. За 5 долари месечно или 45 годишно, добивате и зачувување со еден клик на Evernote, кое е само една од новостите кои беа ги воведе сервисот за своите претплатници.

Според претплатниците, главна причина за претплата на Feedly е можноста за пребарување, која некако е изоставена во повеќето RSS читачи, најверојатно поради тоа што никој после Google ја нема усовршено таа функционалност.

Подобрена е и бесплатната верзија на сервисот со безбедно прелистување со HTTPS и зачувување со еден клик преку Pocket –две функционалности кои досега беа достапни само за претплатниците

Ова е битен настан за Feedly бидејќи поодржива компанија ќе носи повеќе иновации и за Feedly Pro и за Feedly Standard – изјавија од компанијата.

Feedly е еден од сервисите кои бараат да ја пополнат празнината која ја остави затварањето на Google Reader. Digg им е најблизок ривал, а свои услуги нудат и AOL, Hootsuite, Newsblur и други. Сите имаа различен успех, а Feedly се истакна овозможувајќи импортирање на фидови и синхронизација со повеќе апликации.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Feedly Pro, проверете го линкот.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -