Не може подобар фејс-пеинт од ова!

Многу подобра љубовна приказна од „Twilight“. Рок бенд и артист што обожава да си го бојосува лицето. Производот – визуелна магија како ниедна друга.

Љубовта кон веб-страната Reddit, ќе ги спои членовите на бендот Young Rival и 46-годишниот фејс-пеинт артист Џејмс Кун во вистински момент, кога бендот сака да сними видео спот за својата песна „Two Reasons“. Бендот е воодушевен од неговите бизарни креации и неговиот карактер. За да биде појасно, Кун се опишува себеси како артист, пензионирана драг-кралица (маж што се облекува како жена заради забава на публиката), кловн со бело лице, поранешен нудист, повторно роден Христијанин и просечен 46-годишен дечко. Се освен обичен, нели?

Тимот се здружува во интернет стил. Кун се согласува на соработка, добива примерок од песната, а во наредните месеци, бендот преку пошта ги добива синхронизираните видеа и ги едитира во неверојатно заразен и по малку психоделичен финален спот. Интернет соработка во најдобро светло!

Повеќе од делата на Џејмс Кун можете да погледнете тука.

- Реклама -