Ањешка Кашпаркова има 90 години и живее во селцето Лука, во Чешка. Целиот свој живот се бавела со земјоделство, но сега е уметник. Во пролет и лето ќе ја видите на разни локации низ селцето, цртајќи рамки од цветни дезени на прозорците и вратите на разни објекти. Со дозвола, секако.
Хобито ѝ е наследено од другите локални жени кои го правеле истото со години. Користејќи жива сина боја и малечка четка, го украсуваат гратчето со цветни шари во духот на традиционалната моравска уметност и традиционалните ракотворби.
Иако Ањешка се прочу и локално, и на интернет, вели дека црта само за лично задоволство, не и за слава. „Јас сум уметник. Едноставно уживам во тоа и сакам да помогнам (за поубаво селце)“, изјави за чешките медиуми.
Еве ја во акција: