9 најдолги речни системи во светот

најдолги рекиРеките отсекогаш биле интересни за нас луѓето. Низ историјата, луѓето ги користеле реките на мнгоу начини, за добивање храна, како транспортни магистрали или за добивање електрична енергија. Некои реки, со нивната должина, исто така нѐ потсетуваат на моќта на природата.

Реките отсекогаш биле интересни за нас луѓето. Низ историјата, луѓето ги користеле реките на мнгоу начини, за добивање храна, како транспортни магистрали или за добивање електрична енергија. Некои реки, со нивната должина, исто така нѐ потсетуваат на моќта на природата.

9. Амур и Аргун – Русија и Кина: 4444 километри
најдолги реки

Реката Амур е деветтата најдолга река во светот и граница помеѓу далечниот руски исток, и североисточниот дел на Кина. Реката Амур исто така е важен геополитички фактор и симбол на руско-кинеските односи.

8. Конго – централниот дел на Африка: 4700 километри
најдолги реки

Реката Конго (позната и како Заир) е најдолгата река во западниот дел на Централна Африка. Оваа река, со нејзината должина од околу 4700 километри, е втората најдолга река на континентот. Нејзиниот тек поминува низ втората најголема прашума во светот. Името на реката потекнува од Кралството Конго, но од 1971 до 1997 година, официјалното име ѝ било Заир.

7. Об и Иртиш – Русија, Казакстан, Кина, Монголија: 5410 километри
најдолги реки

Реката Об и нејзината најголемата притока Иртиш го формираат седмиот најдолг тек во светот. Овие реки замрзнуваат пет или шест месеци, но во останатиот дел од годината се важна сообраќајница. Голем број бродови секојдневно пренесуваат материјали и туристи. Реката порано била позната по големиот број фабрики за преработка на риба, но за жал, рибната индустрија има претрпено големи штети поради загадувањето, дел од кое е од нуклеарен отпад.

6. Хоанг Хо – Кина: 5464 километри

најдолги реки

Хоанг Хо, позната и како Жолтата Река е важна река во северна Кина која во минатото била центар на развојот на кинеската култура, заедно со Долгата Река (Јангцекјанг) на југот. Реката извира во планините Бајан Хар во западна Кина на надморска височина од 4500 метри. Со должина од 5464 километри е втората најдолга река во Кина.

5. Енисеј, Ангара, Селенга и Идер – Русија и Монголија: 5539 километри
најдолги реки

Ова е најдолгиот речен систем кој се влива во Северниот Леден Океан. Текот започнува во Монголија, и тече северно сѐ до Енисејскиот залив во Карското Море, со себе носејќи голем дел од Сибир.

4. Мисисипи и Мисури – САД: 6275 километри
најдолги реки

Реката Мисисипи во САД е четвртата најдолга река во светот и втората најдолга река на Американските континенти. Реката Мисисипи сама по себе е долга 3734 километри, но речниот систем кој го формира со нејзината најголема притока, Мисури, е долг 6257 километри. Мисисипи истекува од езерото Итаска во Минесота, а се влева во Мексиканскиот Залив. Името „Мисисипи“ потекнува од еден од јазиците на домородното население во Америка и значи „татко на водите“.

3. Јангцекјанг – Кина: 6300 километри

најдолги реки

Јангцекјанг, позната и како Долгата Река е најдолгата река во Кина и на азискиот континент. Реката извира од глечерите на тибетската висорамнина, ја поминува цела Кина и се влева во Источнокинеското Море кај Шангај. Оваа река има голема важност во историскиот, културниот и економскиот развој на Кина, а порано била јужната граница на развојот на кинеската култура. Во реката исто така можат да се најдат и многу ендемски животински видови, од кои најпознати се Речниот Делфин од Јангцекјанг и Алигаторот од Јангцекјанг.

2. Амазон – Јужна Америка: 6400 километри

најдолги реки

Реката Амазон во Јужна Америка е втора река по должина во светот, но најголема река според полноводност, надминувајќи го капацитетот на следните десет реки заедно, придонесувајќи околу една петтина од слатката вода во светот. Амазон, во горниот тек се нарекува Апуримак (во Перу) и Солимоес (во Бразил). За време на дождливата сезона, делови од Амазон достугнуваат широчина од над 190 километри. Амазон најверојатно е единствената река во светот на која нема ниту еден мост. Ова не е поради широчината (има неколку места на кои може да се изгради модерен мост), туку поради тоа што реката тече низ најголемата прашума во светот, каде што нема патишта, па не постои ни причина за изградба на мост.


Иако ова е најголемата река во светот, по многу критериуми, сепак, консензусот помеѓу географите е дека Амазон сепак е втората река во светот,  според должината.

1. Нил – Африка: 6650 километри
најдолги реки

Реката Нил во Африка, е најдолгата река во светот. Реката, која има должина од 6650 километри, тече низ девет земји: Етиопија, Конго, Кенија, Уганда, Танзанија, Руанда, Бурунди, Судан и секако Египет. Нил има значајна улога во развојот на цивилизацијата, животот и историјата на Египќаните веќе илјадници години. Една од најважните улоги на Нил е создавањето на плодна почва, носејќи наноси по целиот свој тек.

- Реклама -