9 најчесто користени женски изрази

Повеќе... Жените и мажите не зборуваат на ист јазик, тоа е докажан факт. За да не дојде до уште поголеми недоразбирања што ќе ја разгорат битката меѓу половите, еве еден толковен речник на најчесто користените изрази од страна на жените кои мажите никако не успеваат да ги разберат во нивната вистинска смисла.

angry-woman-thumb1616327.jpg
Жените и мажите не зборуваат на ист јазик, тоа е докажан факт. За да недојде до уште поголеми недоразбирања што ќе ја разгорат битката меѓуполовите,еве еден толковен речник на најчесто користените изрази од страна на жените кои мажите никако не успеваат да ги разберат во нивната вистинска смисла.

1. Добро: Овој збор жените го користат кога сакаат да стават крај на препирката во која тие се во право, а вие треба да замолчите.

2. Пет минути: Ако таа се спрема за излегување, тоа значи половина час. Пет минути се пет минути само во случај кога ви е се допуштено уште пет минути да гледате фудбал пред да почнете со помагањето низ дома.
3. Ништо: Ова е затишје пред бура. Ова значи нешто, и вие треба да бидете на штрек. Расправијата што започнува со ништо завршува најчесто многу бурно.
4. Само напред (Повели, Слободно (направи го тоа) и слични варијанти): Ова е предизвик, а не дозвола. Не правете го тоа!
5. Гласна воздишка: Ова е всушност збор, но е невербален израз кој често е погрешно сфатен од припадниците на машкиот пол. Гласна воздишка во превод значи дека таа мисли дека сте идиот и дека таа се прашува зошто го троши своето време тука со вас и се расправа за ништо. (Погледнете под 3. за значењето на ништо).
6. Во ред е: Ова е една од најопасните реченици која една жена може да му ја каже на еден маж. „Во ред е“ значи дека таа сака долго и напорно да размисли пред да одлучи како и кога вие ќе платите за грешката која сте ја направиле.
7. Благодарам: Таа ви се заблагодарува, не прашувајте ништо и не се онесвестувајте. Само кажете „Нема на што“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

(Овде би можело да се додаде и една потточка – Благодарам може да биде искрено, сè додека таа не каже „Фала ти многу“ или „Многу ти благодарам“ во кој случај тоа е само чист сараказам и таа воопшто не ви заблагодарува. Само да не ви текне тогаш да сте кажале „Нема на што“ зошто ќе дојде до моментатот Како и да е*

*Како и да е: Женски начин да се каже нешто што на непристоен начин би ве испратило кај мајка ви)
9. Не грижи се, јас ќе го направам тоа: Уште една опасна реченица, а таа значи дека ова е нешто кое таа ви кажала да го направите неколку пати, а сега го прави самата. Ова подоцна ќе резултира со тоа да прашате „Што ти е?“, а за женскиот одговор видете под точка 3.

- Реклама -