9 чуда што може да ги направи путерот од кикирики

Путерот од кикирики не е само вкусен додаток на многу јадења, туку може да се користи за решавање на разни проблеми по дома. Од чистење на лепакот што ви останал на прстите до санирање на гребнатинките на вашето омилено ЦД.

1. Ги отстранува налепниците

Налепниците од теглите или шишињата едноставно може да ги одлепите така што ќе намачкате путер од кикирики преку нив и ќе оставите да отстои 10 до 15 минути, а потоа со крпа претходно натопена во топла вода едноставно ќе ги отстраните.

9001

2. Чистење кожа

Путерот од кикирики прави чуда во освежувањето на вашата кожна облека или мебел. Едноставно втријте го, потоа пребришете со влажна крпа, а потоа избришете со уште една крпа натопена со средство за чистење. Никако не го прескокнувајте последниот чекор.

3. Ја регенерира косата

peanutbutter2n-1-web

Искористете го путерот од кикирики како одлична „направи сам“ маска за безживотната сува коса. Маската нека стои 15 минути, а потоа измијте ја со шампон и вашата коса ќе биде сјајна и убава.

4. Отстранува гума за џвакање од коса

Путерот од кикирики е спас за секого кому му се залепила мастика во коса. Втријте го преку мастиката и околу, оставете да отстои дваесетина минути. Слично како и кај налепниците, маснотијата од путерот ќе ја омекне мастиката и ќе може лесно да ја исчеткате од коса.

Прочитајте и:  На тригодишно девојче од Србија му растат три различни вида коса

chicles

5. Се бори против мравките

Измешајте две лажици путер од кикирики со половина лажица сода бикарбона и малку боракс. Внимавајте до оваа смеса да не дојде вашето домашно милениче.

6. Бричење

Останавте без пена за бричење? Размачкајте путер од кикирики во тенок слој на нозете и избричете ги. Путерот воедно ќе ја заштити вашата кожа од жилетот, а маснотијата ќе ја направи нежна и мека. Потоа добро измијте го.

7. Отстранете го лепакот од прстите

Lepak1

Колку пати ви се случило нешто да лепите, а пола лепак да ви остане на прстите? Едноставно ослободете се од нередот со втривање на путер од кикирики, а потоа измијте ги рацете со сапун. Маснотијата од путерот го отстранува лепакот и ги хидрира рацете во исто време.

8. Давање лек на миленичето

Речиси сите кучиња се луди по путер од кикирики и голема е веројатноста дека и вашето милениче нема да ја забележи таблетата ставена во путерот, без оглед на остриот осет за мирис на кучето.

9. Санирање на изгребани ЦД-а

Ако вашето омилено ЦД има гребатинки од кои сакате да се ослободите, нежно втријте путер од кикирики по изгребаното подрачје, а потоа избришете со мека крпа.

- Реклама -