9 бесплатни алатки кои го подобруваат Windows

Windows е подржан со многу опции, карактеристики и алатки. Некои од нив се навистина супер, а некои не толку. За среќа, постојат алатки кои значително ја подобруваат работата на Windows. Денеска ќе ви претставиме 9 сосема бесплатни алтернативи кои се далеку помоќни, поефикасни и подобри од постоечките. Потребна ви е само минута за да ги инсталирате.

Пребарување

Функционалноста на “Search” односно на пребарувањето во Windows 8 е брза и одлично интегрирана со новиот Start екран. Но, сепак пребарувањето на Старт менито и не е толку совршено. Неможе да пронаоѓа фајлови кои не се документи. А доколку сакате да го пронајдете буквално секој фајл или документ внесен во вашиот систем, треба да го користите неверојатно-бавното File Explorer пребарување. А можете да пробате со Everything. Тоа е нашата препорака. Everything е индексирана алатка за пребарување која ви овозможува пребарување на секо фајл во системот, за многу брзо време. Само го пишувате името на фајлот и за неколку секунди го пронаоѓате истиот. Можете и да го вметнете во вашиот toolbar.

Трансфер на Фајлови

Трансферот на фајлови е подобрен во новите верзии на Windows, но за многумина ова е сеуште фрустрирачки поим. За да не настане поголем хаос, наш совет е да го ажурирате системот со TeraCopy– бесплатната алатка која го забрзува преместувањето на фајловите, а автоматски го прескокнува оној фајл кој генерира некаква грешка.

Screenshots

Во Windows 8 можете да направите скриншот со притискање Win-PrtScn, но доколку сакате скриншот на се, треба да ја инсталирате оваа бесплатна апликација. Вакви апликации има повеќе отколку што мислите, но ја препорачуваме Greenshot. Нуди најразлични команди за скриншотовите и специфицира што ќе се случи со нив.

Process manager

Windows Process Менаџерот покажува кои програми и процеси функционираат во моментот и колкав дел од системските извори тие користат, што одзема многу време. Ние го препорачуваме Process Explorer, напредна алатка препорачана директно и од самиот Microsoft која служи за подетално и побрзо анализирање на активните процеси.

Notepad

Notepad е една од оние програми за која ви е тешко да замислите дека може да се надгради некако и да биде подобра. Но, може. Затоа ве советуваме да ја инсталирате Notepad++ алатката. Ја задржува едноставноста на Notepad, но додава значително голем број на нови опции.

Декомпресија

Понекогаш сите сакаме нешто повеќе егзотичен отколку стандарден, компресиран .zip фајл. Наместо RAR, користете ја 7Zip алатката. Бесплатна алатка која може да отвара .zip, .rar и виртуелно секој друг активен фајл формат.

Media Player

Навистина Media Player понекогаш може да задава главоболки. Помеѓу сите оние различни фајл екстензии и кодеци, никогаш неможете да бидете сигурни дали Media Player ќе го отвори посакуваниот фајл. Сигурно на многумина ви е познат, но сепак мораме да го издвоиме – VLC. Компактна апликација во вид на медија плеер во која можете да гледате и слушате DVD директно од вашиот DVD драјв.

Paint

Отварањето на Paint програмата секогаш не навраќа на минатото. Иако е вклучена во секоја Windows верзија од 1985 до денеска, сепак не е толку изменета или подобрена. Следи уште една алатка која веројатно ја познавате- Paint.NET. Очекувајте далеку помодерен изглед, подобрени опции, како и таб кој ја прикажува историјата на досегашните Paint креации.

Аудио

Можеби понекогаш користењето и прилагодувањата на Аудио опцијата ве тера да се чувствувате малку фрустрирано затоа што на моменти ви изгледа дека треба да бидете програмер или инжинер за да знаете како да ја користите. Затоа ви ја претставуваме Audacity алатката. Со неа снимате повеќе аудио канали во исто време, а подоцна истите можете да ги едитирате (промените), па дури и да ги комбинирате.

Се надеваме дека значително ви помогнавме со оваа статија и овие совети за тоа како да го подобрите работењето на Windows.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -