Колаче со банана во чаша

Некако во лето десертите ни се повкусни ако ги јадеме од чаша со лажица затоа што не потсетуваат на сладолед. За денеска ви предлагаме слатко колаче со банани, но во чаша.

Состојки:

4 јајца, 10 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 10 лажици брашно, 150мл зејтин, 1 кесичка прашок за пециво

За фил: 400мл вода, 4 банани, 1 кесичка пудинг од ванила, 3 лажици шеќер, 1 кесичка шлаг

За декорација: 1 банана, 1 кесичка пудинг од чоколадо, 3 лажици шеќер, 1 кесичка шлаг

chocoloate-banana-parfait1

Подготовка

Јајцата сматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па полека досипувајте зејтин и мешајте додека смесата не се изедначи.

Брашното измешајте го со прашокот за пециво и лажица по лажица додавајте ги во смесата со јајцата.

Тестото излејте го во плех подмачкан со зејтин и брашно и печете околу половина час на 180 степени.

Изладете го испечениот бисквит, па издробете го и вратете го во плехот или во калап за торта.

Ставете вода да врие, зашеќерете ја и додајте испасирани банани. Кратко гответе мешајќи, а потоа тргнете од оган и додајте пудинг од ванила помешан во малку вода. Вратете на рингла и мешајте додека не почне да се згуснува.

Со врелиот крем прелијте го издробениот бисквит, па со вилушка убаво измешајте за кремот да дојде до дното на садот. Оставете го кочлачот да се олади.

Згответе го пудингот од чоколадо и распоредете го во чаши или длабоки чинии. Со лажица вадете од оладениот колач и ставете го преку пундингот, а бананата исечете ја на парчиња па распоредете ја по чашата. Украсете со шлаг и добро оладете пред сервирање.

Добар апетит!

- Реклама -