Пред 2 години, 87-годишната Стана Матковиќ, од село близу Задар, била погодена од гром. По настанот, на „несреќничката“ и растат нови заби!
Таа ги изгубила природните уште на 26-годишна возраст. Откако направила вештачки протези на горната и долната вилица и таман помислила дека неволјите околу забите завршиле, почнале да и никнат како печурки после дожд. Неодамна, и никнале уште два нови.
„Кога имав 83-години, до забот што ми никна почувствував уште нешто. Кога отидов на забар и ми направија рентген снимка, сфатија дека ми растат и други заби. Сите се чудат што почнаа да ми никнат на овие години“, вели бабата.
Нејзината забарка го потврдува настанот. „Зачетокот веројатно постоел одамна, но досега не никнувал. Тоа е многу ретко и необично и во овие 10 години работа како стоматолог, не сум видела ваков случај“.
Стоја открива дека нејзината „супермоќ“ ја добила по ударот од гром. „Тоа се случи пред 2 години. По работа во градината влегов дома, но на влезот ги испружив рацете да ги земам чизмите. Ме погоди гром право во рацете и силно ме здрма. Два месеца ништо не ме болеше и се беше во ред. Но, потоа, рацете ми се згрчија, а болките беа пресилни. Завршив во стационар во Риека“ – раскажува Стана, која во моментов живее сама, и сама готви, пере и цепи дрва.
Како што самата открива, во животот не и недостасувала мака, ниту пак животот бил нежен со неа. Имала 3 мажи, изгубила две деца и преживеала шест операции.