Двегодишно дете должи 250.000 евра

Со одлуката на судот во Клучборк, едно двегодишно момче стана најзадолженото дете во Полска.

Кевин Кокот-Баран од Намислов добил наследство од далечен роднина, а со тоа и огромен долг од 250.000 евра, па затоа неговите родители се обидуваат да се откажат од наследството во негово име.

-Не сакаме наследство со толкав долг, зар може да замислите судски извршители да го бараат нашиот син? Законски ние, неговите родители, треба да ги платиме трошоците за адвокат и секојдневно да патуваме за судењето. – истакнала неговата мајка Катажина Кокот-Баран.

Мајката на најзадолженото дете во Полска, исто така изјавила за весниците дека далечниот роднина никогаш не го видел нејзиниот син, а таа само еднаш во нејзиниот живот, на нејзината свадба.

Судот во Клучборк образложил дека родителите не ги штитат интересите на детето, кога превземаат правни мерки кои ги поминуваат границите со управувањето на имотот на нивното дете. Ваквата одлука била обжалена на повисок суд во Полска.

- Реклама -