Британско-францускoто студио Expanded Eye е специјализирано за изработката на тетоважи. Бројни обожаватели на нивната креативност ги дефинираат тетоважите како најчудните кои досега ги виделе.
Ниту една друга современа уметност не влијае толку директно на телото на еден човек, колку тетовирањето, па оттука има луѓе кои сето го гледаат како платно.
Што сепак вклучуваат необичните тетоважи на Expanded Eye? Тие работат во жанрот на авангардата и уникатноста. Во нивната уметност се вткаени геометријата, географијата, архитектурата, портретите, кубизмот и други целосно специфични стилови за оваа уметност.
Освен со тетоважи, учесниците во арт колективот Expanded Eye се занимаваат и со графити. Затоа и некои од стиловите што се користат кај графитите, исто така, можат да бидат видени во нивните тетоважи.