Која дупка е најтешко да се погоди?

Доколку помисливте на нешто друго, жал ми е што ве разочаравме. Се работи за голфот и за Екстремните 19.

Историски споредувано, ниту еден голф терен не предизвикал толкав интерес како Екстрмните 19. Сите светски медиуми, направиле сторија за овиј голф терен и за неговата последна дупка. За да го внесете голф топчето во 19-ката, дозволени ви се три удари, доколку не успеете во тоа, започнува хендикеп бодирањето.
mark-the-extreme-19th

Ударот се изведува од планината Ханглип и за да стигнете до таму, ве превезуваат со хеликоптер, а целиот комплекс на терени е во склоп на Легендарниот Голф и Сафари Ресорт во Јужна Африка. Местото кое е предвидено да го изведете првиот удар, па се до финалната дестинација, 19-тата дупка, е високо 400 метри и одалечено 361 метри, а на топчето му треба повеќе од 30 секунди да ја допре земјата. Падот на топчето е снимано со 4 камери кои ќе ви помогнат да го лоцирате, а исто така во топчињата има поставено и локатор.
zExtreme_19_from_top_gallery__600x331

Официјално Легендарниот Голф и Сафари Ресорт има распишано награда од 1.000.000 милион долари, за оној кој од прв удар ќе успее да го вметне топчето во дупката. Заклучно со 2012 година, само на тројца им успеало да го вметнат од втора.

Легендарниот Голф и Сафари Ресорт е од највисока класа, оценет со 5 ѕвезди и преставува вистински престиж помеѓу голферите. Но тоа не ги спречува и обичните вљубеници во овој спорт, да се обидат да го вметнат топчето од прва и да освојат 1 милион долари.
extreme-19th-hole---by-helicopter

Покрај голф терените можете да одите и на сафари во прекрасниот Ентабени резерват.Покрај голфот, природата и животните што може да ги видите на ова сафари, како што изјавуваат оние што го посетиле, е уникатно искуство на кое му наме рамно.

- Реклама -