Полови стереотипи кои (според науката) се точни

СтереотипиВо принцип, треба да се избегнуваат сите стереотипи, поради тоа што, најчесто предизвикуваат само негативни чувства и речиси секогаш се користат ексклузивно како навреди. Но, што станува кога некои од тие стереотипи се точни?

Во принцип, треба да се избегнуваат сите стереотипи, поради тоа што, најчесто предизвикуваат само негативни чувства и речиси секогаш се користат ексклузивно како навреди. Но, што станува кога некои од тие стереотипи се точни?

Стереотипи1. Жените не знаат да возат и да паркираат

Овој стереотип е директно сврзан со ориентацијата во просторот и навигацијата во однос север-југ. Хетеросексуалните мажи во принцип имаат подобра просторна ориентација од жените поради генетската меморија. Уште при настанокот на човечкиот род, кога мажите ја играле улогата на ловци и оделе далеку од својот дом во потрага по храна, морале да научат како да се вратат до домот. Тоа знаење останало запишано во гените и е единствената причина што мажите имаат подобра способност за возење и паркирање. Една студија вели дека сево ова е тесно поврзано со нивото на тестостерон, па затоа и хомосексуалците се класифицирани како подеднакво лоши возачи како и жените.

Стереотипи2. Мажите се склони кон валкање

Ако не натерате маж (без разлика на возраста) да исчисти или ако не го сторите тоа место него, тој ќе живее во нечистотија до моментот додека таа не стане неподнослива. Од друга страна, ретко ќе најдете жени кои што поднесуваат нечистотија. На што се должи ваквата драстична разлика?

Клучот е во сетилото за мирис. Жените имаат далеку поосетливи носеви, и покрај тоа што не постои физичка разлика во градбата или бројот на рецептори. Сепак, тестирањата покажале дека жените многу подобро распознаваат мириси и се иритираат од лошите мириси, а користат и многу поголем процент од мозокот при анализата на истите. Ова веројатно се должи на фактот што жените сексуално се возбудуваат (понекогаш и без да го знаат тоа) од мирисот на мажот. Повторно, она што природата го вметнала во генот за да се осигури продолжувањето на родот, придонело и за создавање на еден стереотип.

Стереотипи3. Жените се слабаци

Ова веројатно е најизразениот полов стереотип. Мажите се поголеми, поцврсти и според тоа традиционално се сметаат за посилниот пол. И тоа е сосема точно.

Жените поинаку чувствуваат болка отколку мажите. Тоа се должи на далеку поголемиот број рецептори во кожата и значително понискиот праг на толеранција. Токму затоа кај жените се јавуваат хронични болки.

Единствениот исклучок од ова правило се жените во фаза на пораѓање или оние кои неодамна родиле. За време на бременоста се напластуваат ендорфини и други хемикалии за олеснување болка, за жената да може да ја поднесе болката.

Стереотипи4. Жените многу зборуваат

Жените навистина повеќе зборуваат од мажите, но тоа е само затоа што се подобри во комуникациските вештини од нив. Ова се должи на фактот што делот од мозокот во кој се наоѓа центарот за говор е за 17% поголем отколку кај мажите. Дополнително, женскиот мозок е способен и за мултитаскинг, додека мажите најчесто го одржуваат разговорот во доминантната хемисфера.

Стереотипи5. Мажите не ги гледаат сите бои

Ако некогаш сте се запрашале зошто мажите имаат по едно име за секоја боја, додека жените имаат по 28, тогаш веројатно сте маж и воопшто не ги ни забележувате сите бои кои што жените ги именуваат.

Генот одговорен за забележување на црвената боја се пренесува единствено преку Х хромозомот. Имајќи само еден Х хромозом, мажите се во подредена положба. За да го гледате целиот спектар бои, неопходна ви е црвената. Жените, со два Х хромозоми, во просек имаат по 40% поголема способност за распознавање бои и многу повеќе нијанси за именување.

Стереотипи6. Жените не поднесуваат алкохол

Жените послабо поднесуваат алкохол од мажите, но не поради поголемата маса. Истражувањата покажале дека масата не е во директна врска со толеранцијата на алкохолот. Се работи за соодносот помеѓу мастите и водата. Кај мажите, процентот на вода во телото е 61, додека кај жените е 52. Тоа значи дека секој алкохолен пијалак се разводнува повеќе кај мажите, а врз жените делува побрзо и посилно. Дополнително, жените имаат и хендикеп во лачењето ензими во црниот дроб кои ги неутрализираат ефектите од алкохолот, па во просек, истото количество алкохол ги опијанува далеку подрастично.

- Реклама -