XL костими за капење што му ласкаат на заобленото тело

Името Робин Лоули во светот на моделите со нагласени облини има еднаков статус како нејзината сонародничка Миранда Кер во светот на слабите.

Репутацијата меѓу XL моделите ја стекна со бројните насловни за магазините Vogue и Elle. Доказ дека крупното женско тело може да биде и тоа како привлечно и секси е нејзината сопствена линија на костими за капење.

Атрактивната 24-годишна Лоули носи конфекциски број 42. Таа дизајнираше костими за капење со големини од 36 до 42.

„Ме поттикна тоа што на пазарот нема костим за капење кој доволно може да ми го покрие задникот, да ми го направи стомакот ласкав, а колковите женствени“, истакнала таа.

Токму овие сегменти кон кои тежмеат сите полнички жени ги има во нејзината линија.

1 2 3 4 5 6

- Реклама -