Одберете совршен дом за вашето домашно милениче

domain_petsИмате домашен миленик, но не сте задоволни од околината во која нема парк каде може да го шетате, или плажа на која може да трча слободно? Domain Pets се погрижи и за луѓето како вас! Тоа е првата компанија за недвижности која е специјализирана во пронаоѓање на имот кој совршено одговара на животниот стил на домашните миленици.

domain_pets_copyИмате домашен миленик, но не сте задоволни од околината во која нема парк каде може да го шетате, или плажа на која може да трча слободно? Domain Pets се погрижи и за луѓето како вас! Тоа е првата компанија за недвижности која е специјализирана во пронаоѓање на имот кој совршено одговара на животниот стил на домашните миленици.

Од компанијата велат дека се свесни за тоа колку денес е тешко да се пронајде совршен дом кој ќе ги задоволи сите потреби на современите размазени домашни миленчиња, па затоа решиле да им излезат во пресрет на нивните сопственици.

Тие само ќе треба да направат список со потребите на домашниот миленик, а Domain со користење на специјална радарска технологија ќе ја најде совршената резиденција која ќе ги исполнува сите негови потреби.

Domain Pets моментално работат само со мачки и кучиња, меѓутоа планираат сервисот да биде проширен, такашто ќе  биде достапен и за хрчаци, морски прасиња и зајаци до средината на 2010.

Дознајте повеќе на веб-страницата на Domain.com.au

Текстот погоре е замислен како првоаприлска шега.

- Реклама -