Рај за љубителите на пиво

beer1Една пивница во Австрија започна да нуди (совршени) спа третмани за мажи – нивните муштерии сега ќе можат да се бањаат во базен наполнет со околу 20.000 литри лагер.


Една пивница во Австрија започна да нуди (совршени) спа третмани за мажи – нивните муштерии сега ќе можат да се бањаат во базен наполнет со околу 20.000 литри лагер.

091028_beer1

Сопствениците велат дека бањањето во топло пиво ја помага циркулацијата, добро е за кожата и дека и Клеопатра практикувала вакви третмани за чистење и негување на кожата.

091028_beer2

Но не грижете се, нема да мора да пиете топло пиво во кое се брцкал вашиот влакнест пријател, персоналот во Starkenberg спа центарот ќе се погрижи да имате ладно пиво за да се налевате додека сте потопени во вашиот омилен пијалок. Ваквиот пивски рај чини 135 евра за два часа „пливање“, а има и поевтина варијанта – купете 2-3 гајби пиво и право во када.
- Реклама -