Топ 10 модерни авантури

jpg_copy_copy_copy_copy_copy_copyАвантури кои се навистина неверојатни. Невозможни на почетокот, зачудувачки на крајот. 10 луѓе кои го постигнале тоа што никој друг не го постигнал. 10 модерни луѓе – 10 модерни авантури.


Авантури кои се навистина неверојатни. Невозможни на почетокот, зачудувачки на крајот. 10 луѓе кои го постигнале тоа што никој друг не го постигнал. 10 модерни луѓе – 10 модерни авантури.

10. Tom Avery
Tom_Avery10_copy
На 27 годишна возраст, Tom Avery стана најмладиот Британец кој стигнал на Јужниот Пол одејќи. Стана славен во 2005, сакајќи да ја повтори експедицијата на Robert Peary од 1909 – мисијата на Северниот Пол. Оригиналната експедиција стана предмет на контроверзија бидејќи многуминна веруваа дека е невозможно Peary за 37 дена да поминал 764.87600 км.(како што тој тврдел). Опремен со дрвени лизгалки, слични на оние на Peary, и дневникот на Peary, Tom Avery ја потврди изјавата на неговиот херој. На крајот, тој и неговиот тим успеаа да стигнат до Северниот Пол за 36 дена, 22 часа и 11 минути – цели 5 часа побрзо од Peary.

9. Jason Lewis
Jason_Lewis_9
Авантурата на Jason Lewis е можеби најимпресивната на оваа листа. Во 1994, Steve Smith, пријателот на Lewis, му предложил тие двајца да го заобиколат глобусот користејќи само човечка сила. Ова значи одење, ролање, кајакирање, и управување на брод со педали. Крстена „Експедицијата 360“, тие мислеа дека ќе им требаат 3,5 години да ја завршат. 5 години подоцна, Smith ја напушти експедицијата. Lewis продолжи понатаму – тој помина 5 континента, 2 океани и море. Преживеал маларија, напад од крокодил и фатална сообраќајна несреќа додека се возел со ролери во Колорадо. На крајот, му требале 13 години за да ја заврши мисијата. Браво.

8. Rob Gauntlett и James Hooper
Rob_and_James__8
Во 2008, Националното Географско Здружение ги нарече овие 21 годишни момци „Авантуристи на годината“. Тие го завршиле патувањето од 35 405.568 км. од магнетниот Северен пол до магнетниот Јужен пол. Користејќи само човечка и природна сила да го завршат овој обид, тие се санкале низ Гренланд, возеле велосипеди низ Америка и пловеле на Антартика. Оваа експедиција никогаш пред тоа не била направена, а и момциве немале никакво искуство пред тоа, ни со пловење ни со санкање. Таков бил начинот на Rob Gauntlett и James Hooper – прво скокале, после гледале. Тие се искачија на Монт Еверест без никакво претходно искачувачко искуство – учеле како што оделе.
За жал, Rob Gauntlett умре додека се искачуваше на Француските Алпи годинава во јануари.

7. Benedict Allen
Benedict_Allen_7
Додека ја планирал експедицијата од реката Ориноко до центарот на Амазон, Allen креирал план кој ќе му помогне во патувањето – без никакви спонзори, само со помош на локалните луѓе. Тој ја поминал реката Ориноко со група луѓе, но во процесот – се заразил со два различни вида на маларија, бил нападнат од копачи на злато и морал да си го изеде сопственото куче.
Allen е автор на 7 авантуристички книги, а и снимал неколку документарци за време на неговото патување.

6. Tudor Parfitt
Tudor_Parfitt_6
Наречен „вистинскиот Индијана Џонс“, Parfitt верувал дека е потомок на ковчегот на заветот. Неговото патување почнало во 1980тите кога сретнал членови на Лемба племето, етничка група во Северна Африка кои верувале дека се потомци на Евреите во древниот Израел. Племето му кажало на Parfitt приказни за „ngoma“ – дрвен контенјер кој служел за чување на свети работи. Parfitt верувал дека тоа е изгубениот ковчег на заветот. Тогаш тој ја започнал неговата 20 годишна потрага. Започнал во пештерата на Зедекија близу Ерусалим. Да објасниме во стилот на Индијана Џонс: црвена линија од Ерусалим до Јордан, потоа до Јемен, се до Египет, Етиопија, и завршува во Зимбамбве. Неговата работа беше тема на документарец во 2008 и на книга.

5. John Goddard
John_Goddard_5
John Goddard сака да конзумира авантури: на 15 годишна возраст тој направил список со 127 предизвици и си дал рок целиот негов живот да ги направи. Една по една, тој постигнал да направи 109 предизвици од оригиналниот список, а и плус 500 плус кој ги додавал секојдневно. Списокот содржел најразлични предизвици, од типот на: да се искачиш на Монт Еверест, јавање на ној, да се појави во филм за Тарзан. Во процесот, тој постигнал неколку светски рекорди како цивилен пилот. Помеѓу неговите достигнувања се и истражувањето на целата должина на реките Нил и Конго, следење на стапките на Марко Поло и Александар Македонски, научил да мечува и бил сведок на церемонија на кремирање во Бали.

4. Ed Viesturs
Ed_VEs_4
Ed Viesturs, планинар на високи врвови, не се плаши да се откаже од својата цел. Во неговиот прв обид да се искачи на Монт Еверест, тој се вратил назад кога бил на само 300 метри од целта, само затоа што „условите не биле совршени“. Неговото мото: „Да се искачиш на врвот е опционално, да се симнеш долу е задолжително“. Со ова тој се здоби со репутација како внимателен планинар. Сепак, со ова тој си го спасил животот неколку пати. Во 2005, Viesturs стана првиот Американец кој ги освоил сите 14 врвови во светот повисоки од 8.000 метри.

3. Bertrand Piccard
Bertrand_3
Bertrand Piccard доаѓа од научна и истражна династија. Неговиот дедо го истражувал горната атмосфера во кабина под притисок од негов дизајн, а неговиот татко бил истражувач во длабоките мориња. Па, не е чудно што Piccard си изгради име како научник и авантурист. Во 1999 тој стана познат кога со неговиот колега станаа првите кои прелетаа со балон околу светот. Патувањето беше наречено „последната голема авантура на 20 век“. Piccard моментално го развива „Соларниот Импулс“, соларен ултра лесен авион, со кој планира да го заобиколи светот во 2011.

2. Mike Horn
Mike_Horn_2
Во 1999, јужно-африканецот Mike Horn започна да го заобиколи екваторот без употреба на моторна сила. „Лантитуда Нула“ експедицијата започна во Габон, од кадешто Horn го помина Атлантскиот Океан. Патувал низ Јужна Америка пеш, а низ Африка со планинарски велосипед. Откако ја завршил експедицијата „Лантитуда Нула“, тој стигнал до Јужниот Пол пеш и се искачил на два врва од 8.000 метри. Тој моментално ја води Пангаеа експедицијата, четири годишна млада експедиција околу светот со намера да промовира заштитна средина и заштита на природните богатства.

1. Sir Ranulph Fiennes
Sir_Ranuloh_1
Sir Ranulph Fiennes стекна слава во 1979, кога тој со двајца колеги започнаа патување околу светот, од еден пол до друг, користејќи само земјен превоз. „Трансглоуб Експедицијата“ траеше 3 години и резултираше со тоа тројцата луѓе да бидат првите кои го направиле тоа. Во 1984, Гинисовата Книга на рекорди го именуваше Fiennes како најголемиот жив авантурист. Неуморен, тој ја помина Антартика, откривајќи го загубениот град Убар во Оман, кој бил закопан во песок скоро 2.000 години.
Во 2003, Fiennes заврши 7 маратони за 7 дена на 7 континента, а штотуку му бил вграден бајпас неколку месеци пред тоа.
На 20 мај 2009, 65 годишниот Sir Ranulph Fiennes стана најстариот Британец кој го искачил врвот на Монт Еверест.

- Реклама -