Фенг шуи за привлекување на пари во домот

Фенг шуи се занимава со проток на енергија и нивното влијание на животот. Според Фенг шуи , главното подрачје на станот поврзано со парите е на најјужниот агол, но и секоја друга просторија од вашиот дом има свое подрачје за финансии.

Еве неколку совети за тоа како да привлечете пари со древната кинеска филозофија за уредување на домот.green-living-room________________

Станува збор за најблискиот лев агол во било која просторија гледано од влезот, па пожелно е ова подрачје да биде исполнето со позитивна енергија.

За почеток, добро исчистете го просторот и тргнете ги непотребните работи кои ги имате ставено во нив за да би привлекле позитивна финансиска енергија. После ова, поправете ги сите скршени или нефункционални работи и тргнете ги од домот.

Наведените подрачја исполнете ги со симболи за богатство (пример: садови со богатство, бамбус и сл.). Во комбинација со класичните симболи можете да поставите и фотографии од предметите или работите кои ги сакате.

Сите финансиски подрачја на куќата исполнете ги со виолетова или зелена боја, бидејќи виолетовата е боја на богатството, а зелената на растот и виталноста.

Секако, треба да внимавате и на деталите. Чувајте ја уредно и ценете ја, внимавајте да не биде расфрлано дури ни во фиоките. Доколку не водите сметка за парите, нема ниту да ги имате, па забележувајте ги трошоците и плаќајте ги сметките на време. Парите треба да ги делите со другите, давајте за да добиете.

Благодарноста кон се што имате е исто така многу важна, бидејќи што повеќе го цените она што го имате, без разлика колку тоа ви се чини како мало или малку, таквиот став ќе ги привлече новите работи во вашиот живот.

- Реклама -