Тестостеронски фластер за подобар секс

Повеќе... Најновите истражувања на меѓународен тим на научници покажаа дека тестостеронската терапија може значително да ја зголеми жалбата за секс кај жените во постменопауза.


0008007.17.jpgНајновите истражувања на меѓународен тим на научници покажаа дека тестостеронската терапија може значително да ја зголеми жалбата за секс кај жените во постменопауза.

Според истражувањето кое го водеше професорката Сузан Дејвис од универзитетот Monash, тестостерон во облик на фластер може кај постарите жени да ја зголеми желбата за секс. Според др. Дејвис, ова може да биде решение за голем број на жени кои после менопазуата ја губат желбата за секс и често бараат медицинска помош во врска со тој проблем.

Во студијата биле вклучени 814 жени во постменопауза од САД, Англија, Канада, Австралија и Шведска кои добивале тестостеронски фластери или плацебо. На почетокот на истражувањето  околу 50% од сексуалните епизоди биле задоволувачки кај жените кои биле дел од истражувањето, но откако групата провела 24 недели на тестостеронски третман, подобрувањето било поголемо од 2,1% месечно, додека кај жените што добивале само плацебо, подобрувањето било само 0,7%. Во текот на тестирањето се појавиле и неколку нуспојави, но според др. Дејвис тестостеронот кај жените игра важна животна улога.

- Реклама -