Сладолед од праска со вотка

Со што друго поубаво ќе се разладите во летните денови, ако не со сладолед. Денеска ви предлагаме една „вечерна варијанта“ на сладолед од праска со вотка.

Сотојки: 1.5 шолја млеко, 3/4 чаша шеќер, прстофат сол, 1 шолја павлака за шлаг, стапче цимет, 5 жолчки, 2 големи праски, 2 големи лажици мед, 1.5 лажици вотка

Подготовка: На не многу јак оган испржете ги праските со медот и 1/4 шеќер. Гответе околу 5 минути, додека праските не пуштат сок. Оставете ги да се оладат и покријте ги со капак.

Во чинија добро измешајте 1/4 шеќер со жолчките додека не добиете густа смеса.

Во тавче на среден оган загрејте го млекото, преостанатиот шеќер, солот, павлаката за шлаг и циметот. Лесно мешајте околу 5 минути додека шеќерот на се растопи.

Одвојте чаша од загреаната смеса и по малку додавајте во изматените жолчки и измешајте, а потоа цела смеса вратете ја во преостанатото млеко. Мешајте на оган додека не згусне.

Смесата изцедете ја во чинија со цедилка за да се отстранат парчињата цимет или жолчка, а потоа ставете ја на малку мраз и добро мешајте уште десетина минути додека не се олади.

Откако добро ќе се олади додајте ги праските и вотката и ставете го сладоледот во замрзнувач.

- Реклама -