Колку ве чинат лошите навики?

Лошите навики штетат не само на поединецот, но и на општеството во целина во насока на повисоките трошоци за здравствениот и осигурителен систем.

Цигара, алкохол, чипс и брза храна се нешта кои можеби мислите дека се  безопасни, или подобро кажано не сакате да размислувате за тоа додека ги конзумирате, но на крајот се одразуваат на здравјето, со тоа што го  зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, рак и др.

Истражување на лондонски универзитет покажа  дека се потребни  малку повеќе од два месеци во просек, за да се ослободиме од лошите навики. Првиот чекор  е да сфатите како точно истата ви штети. Бидејќи веќе насекаде има премногу информации во врска со здравствените ризици, погледнете го малку финансискиот аспект.  Цените се прилагодени на Македонскиот  стандард.

Пушење

pushenje

Годишни трошоци:  Во просек 18.250 денари

Оваа сума е за оние пушачи кои пушат кутија цигари дневно, а цената во пресметката е 50 денари од кутија. Доколку кон ова се   додадат  зголемените здравствени трошоци, како и штетата и последиците за околината – „пасивните пушачи”, реалните трошоци се зголемуваат значително. Откажувањето од навиката на возраст од 39 години, исто така, може сериозно да ги намали  „вонредните ризици за смрт” до 90 проценти, според истражувањето на списанието The New England Journal of Medicine.

Алкохол 

pienje

Годишни трошоци: 46. 000 денари

Сумата погоре е за оние кои навистина се навлечени на овој порок. Сериозната употреба на алкохол води со себе огромна штета, особено за црниот дроб. Во прилог возењето по употреба на алкохол води по себе дополнителни трошоци, како што се   парични казни, а да не зборуваме за ризикот на кои што сте изложени.

Лоши навики во исхраната

brza hrana

Годишни трошоци: 45.000 денари

Лошите навики во исхраната обично доведуваат до прекумерна тежина, со што сериозно  се зголемуваат  шансите за срцеви заболувања и дијабетес. Истражувањата на Светската здравствена организација покажуваат дека прекумерните килограми водат по себе годишни трошоци од над 45.000  денари кај мажите и околу 35.000  денари кај жените.

 

- Реклама -