Blackberry Bold ќе стане „мобилен паричник“

смартфонBlackberry го претстави својот нов смартфон кој се претвора во мобилен паричник во обид да се спротистави на растечката популарност на iPhone на Apple. Покрај крактеристичните функции за смартфон, како сурфањето на интернет, корисниците на Blackberry ќе можад да прават „безконтактно“ плаќање во продавници како Pret A Manger, McDonalds и Boots.

Новата технологија овозможува податоците од кредитни и дебитни картички да бидат внесени во Blackberry Bold 9900 или 9930 и да се користат за плаќање на износи до 15 фунти само со поминување покрај читач на картички во продавница. Потегот на Blackberry, еден од најголемите брендови на смартфони во светот, претставува уште еден чекор кон општество „без кеш“. Еден од осум луѓе во развиените земји воопшто не носат пари со себе, преферирајќи ја употребата на картички – потенцијален рудник за злато за банките кои наплаќаат провизија за секоја транзакција.

Сега банките ги убедуваат купувачите да ги користат своите мобилни телефони за плаќање на суми до 15 фунти, британската Barclaycard е предводник на ова движење. Други големи банки исто така ја тестираат оваа технологија. Експертите претпоставуваат дека iPhone 5, кој би можел да биде пуштен во продажба веќе во декември, исто така ќе ја имаа оваа технологија. Високи претставници на банките велат дкеа оваа технологија може да биде успешна само ако биде имплементирана од големите производители на смартфони како Apple и Blackberry.

Во мај, Orange и Barclaycard заедно ја понудиле мобилната технологија ‘Quick Tap’. Оваа технологија во моментов е достапна на само еден модел на телефон – Samsung Tocco, и чини дополнителни 59 фунти. Дополнително, интернет џинот Google најави дека планира да го лансира “Google Wallet”, кој би можел да стане сеопфатна апликација за банкарство. Но експертите предупредуваат дека ова би можело да му овозможи на Google да го собира информациите за локацијата на корисниците, нивните навики за купување и шаблони на трошење со цел да ги употреби за продажба на реклами.

- Реклама -