Дури и најбезопасните филмови не се секогаш безбедни – куче, мајмуни, двајца идиоти – никој не е безбеден во некои земји. Но судејќи според некои од филмовите кои биле забранети, сосема е можно дека дури и филм за весници кои зборуваат може да биде забранет. Ова се осумте најмалку навредливи филмови кои некако сепак успеале да навредат некого.
Дури и најбезопасните филмови не се секогаш безбедни – куче, мајмуни, двајца идиоти – никој не е безбеден во некои земји. Но судејќи според некои од филмовите кои биле забранети, сосема е можно дека дури и филм за весници кои зборуваат може да биде забранет. Ова се осумте најмалку навредливи филмови кои некако сепак успеале да навредат некого.
8. South Park: Bigger, Longer and Uncut
Забранет во: Ирак
Филмот Саут Парк никогаш не бил официјално забранет во Ирак, но не бил ни дистрибуиран таму. Зошто? Бидејќи во филмот Садам Хусеин е претставен како хомесексуален љубовник на Ѓаволот. Сепак, еден ирачанец успеал да го изгледа: Садам Хусеин. Според некои извори, американските маринци го терале да го гледа филмот додека го чекал судењето за воени злосторства.
7. Matrix Reloaded
Забранет во: Египет
Египет наводно заклучиле дека филмот „може да предизвика проблеми и да го наруши јавниот мир“. Но која е вистинската причина? Може да е зашто Сион, градот каде што Нео, Морфеус и Тринити живеат во филмот е именуван по еврејска света земја.
6. Големиот Диктатор
Забранет во: Германија
Чаплиновата пародија на Хитлер речиси била забранета во Британија. Сопственикот на лондонското кино Принц Чарлс дури и бил казнет за одржувањето на премиерата. Но тоа било решено. Во Германија филмот останал забранет, и тоа долго време. Забраната била отстранета во 1998 година. Чаплин наводно зажалил што го направил филмот. Тој рекол дека не бил свесен за вистинската големина на криминалот на Хитлер.
5. Indiana Jones and the Temple of Doom
Забранет во: Индија
Мозоци од мајмуни. Тоа е причината поради која професорот Џоунс бил забранет во Индија. Поточно „расистичкото прикажување на Индијците и отворените империјалистички тенденции“. Ако ги познавате Хиндуистичките верувања, тогаш знаете дека мајмуните се свети животни.
4. Zoolander
Забранет во: Иран
Купувањето Портокалово Мока Фрапучино пред поливање на згодните пријатели со бензин и нивната огнена смрт биле протолкувани како подршка за правата на хомосексуалците. Не баш омилена тема за Иран.
3. The King and I
Забранет во: Тајланд
Народот во Тајланд не сака нивниот крал да биде прикажан како темпераментен татко кој започнува да пее секој пат кога станува емотивен. Нивниот крал има статус на бог, тој не греши.
2. Pirates of the Caribbean: At World’s End
Забранет во: Кина
Филмот негативно ги прикажува Кинезите, барем тоа е официјалната причина. Тие не сакаат ништо што може да ги претстави во негативно светло или да им го извалка името.
Патем, Кина прославуваше за оскарот кој Анг Ли го доби за “Brokeback Mountain” како триумф на кинескиот народ, а филмот беше забранет во земјата.
1. Pineapple Express
Забранет во: Малезија
Во Малезија, јогата е забранета бидејќи ги тера луѓето да „се одделат од својата вера“ (најчесто ислам). Користењето на дрога, и поистоветувањето на дрогата со „вагината на Господ“ не ги возбудува многу. Малезија е многу строга, тие имаат четири различни категории за 18+: 18SX (секс), 18SG (насилство), 18PA (политика) и 18PL (разно). Овој филм е забранет по сите четири категории.