Доаѓа време во животот на секоја жена кога семејството, пријателите, општеството и кој уште не, започнуваат со притисок за што побрзо раѓање деца. Без разлика дали се работи за биолошка должност, родителски инстинкт, чување на традицијата или нешто сосема четврто, еве 8 добри причини зошто да немате деца!
Доаѓа време во животот на секоја жена кога семејството, пријателите, општеството и кој уште не, започнуваат со притисок за што побрзо раѓање деца. Без разлика дали се работи за биолошка должност, родителски инстинкт, чување на традицијата или нешто сосема четврто, еве 8 добри причини зошто да немате деца:
1. Ако заглавите до 4 часот наутро, барем знаете дека никој освен вас не е виновен за тоа;
2. Ништо во вашата гардероба нема нечија туѓа повраќаница (или нешто полошо) на него;
3. Не сакате да носите резервна чиста пелена или пакетче смоки во ташната / ранецот;
4. Не смеете да се напиете втора чашка алкохол, зашто доите;
5. Веројатно е ризично за здравјето да носите бебе од преку 4 килограми, на штикли од преку 4 сантиметри;
6. Сакате цело утро да го поминете во кревет, имајќи секс… а веројатно и цело пладне;
7. Вие сте единствената која сакате вашиот партнер да ја третира како бебе;
8. Можете да пуштате гласна музика кога сакате и колку сакате.