8 причини поради кои вашите потпетици добиваат евтин изглед

Ограничениот буџет не мора да значи дека вашите високи потпетици мора да изгледаат евтино. Всушност, доколку имате префинет вкус, и со многу малку пари можете да најдете штикли кои ќе изгледаат елегантно, луксузно и софистицирано. Еден од клучните фактори при добивањето на овој ефект е вашиот избор да има однапред добро испланирани комбинации со гардеробата од вашиот ормар.

1. Превисока платформа

61002403

Што повисока е платформата, толку покичесто изгледаат штиклите. Всушност, високиот ѓон одамна излезе од мода, па сега ниските потпетици изгледаат најелегантно и дамски.

2. Преголем или премал број

Никогаш не избрзувајте со купувањето на штиклите токму од оваа причина. Доколку бројот на обувките не ви е погоден, вашите стапала ќе изгледаат непривлечно, во нив чудно ќе одите, и целиот став на телото ќе ви изгледа неправилен. Бидете вимателни.

3. Пренакитени

61002407

Дури и скапите потпетици изгледаат евтино кога се пренатрупани со детали, на неправилен начин и без воопшто вкус. Всушност, класичните обувки со чисти линии и едноставна боја која лесно се комбинира со остатокот од гардеробата, речиси секогаш се подобар избор од штиклите со премногу светки, сјајни принтови, монистри или ланци. Но, доколку сте љубители на штикли со необичен дизајн, внимавајте секогаш да ги комбинирате со премногу едноставни парчиња облека, за да не ја преминете границата на кичот.

4. Не можете нормално да се движите во нив

Несигурниот од во превисоките потпетици прави наместо секси да изгледате смешно, без разлика на тоа колку пари сте потрошиле за истите. Доколку немате големо искуство со носење на високи потпетици, започнете со некои кои се пониски и постабилни, па потоа, откако ќе научите како да го држите телото, пробајте да носите и штикли со потенка и повисока потпетица.

5. Премногу метални украси

black-fashion-gold-shoes-Favim.com-540932

Копчињата, каишите, нитните, ланците и сличните метални детали, доколку не се наредени внимателнo и со вкус умеат да го уништат и напрефинетиот чифт високи потпетици.

6. Претерано износени

Избледени, изгребани, износени обувки кои веќе го загубиле првобитниот облик никогаш не изгледаат софистицирано. Затоа, бидете внимателни со вашите штикли, секогаш чистете ги и прскајте ги со заштитен спреј, и доколку е потребно однесете ги на поправка кај најблискиот кондураџија.

7. Претерано сјајни

61002371-guliverthinkstock-cipele-stikle

Лакираните штикли изгледаат добро во црна, бела или пудра нијанса. Претерано дречавите или пак шарени комбинации на високите потпетици лесно знаат да му дадат „кичест“ шмек на вашиот изглед.

8. Секогаш имајте уредно налакирани нокти и стапала

Сандалите со висока потпетица се одличен избор за летните денови. Тие ги откриваат вашите стапала и придонесуваат до дополнителен сексипил на вашите нозе. Но, сето ова би птопаднало во вода доколку вашите нокти или кожата на стапалата изгледаат неуредно. Затоа, секогаш внимавајте на нивната нега, но и на педикирот, особено кога вашите потпетици се отворени. Не сакате да го уништите секси-ефектот од една навидум обична ситница.

STARBUCKS-HEELS

- Реклама -