MSI таблет прототип (видео)

ТаблетВи го претставуваме најновиот прототип на таблетот од MSI кој треба да ја револуционеризира индустријата. Имајте предвид дека беше неодамна претставен и дека ќе биде усовршен пред да биде пуштен во продажба. Но, дури и вака, изгледа прилично импресивно.

Ви го претставуваме најновиот прототип на таблетот од MSI кој треба да ја револуционеризира индустријата. Имајте предвид дека беше неодамна претставен и дека ќе биде усовршен пред да биде пуштен во продажба. Но, дури и вака, изгледа прилично импресивно.

ТаблетГлавните карактеристики на овој таблет кој сѐ уште не е именуван се: два 10 инчни екрани со резолуција од 1024х600, кои функционираат како засебни десктопи (освен ако не сакате да ги споите во еден голем), мултитаскинг до нови граници (можност за играње 2 игри одеднаш), процесор Intel Menlow на 1,6 GHz и SDD драјв наместо хард диск (што значително го продолжува траењето на батеријата и овозможува функционирање на полн Windows 7 оперативен систем).

Она што е навистина импресивно е мултитач опцијата која ви дозволува да правите неколку нешта одеднаш со прстите, на обата екрани. Кога ќе пишувате на виртуелната тастатура, ќе почувствувате вибрации од таблетот, за да се долови моментот на вистинска тастатура. Таблетот ќе го следи вашето движење и екранот ќе се приспособува онака како што ќе го завртите.

{youtube}ziMCxn0J5VM{/youtube}

Одеднаш, iPad-от изгледа некако детски, нели? [MSI’s Dual Screen Tablet Video Hands-On: Much More Than an eReader]

- Реклама -