HP претстави дигитални и видео камери со технологија на допир и моќен оптички зум

Digital_Camcorders_--_V5560u-1HP ги претстави петте „point-and-shoot“ дигитални камери и трите видео камери со ЛЦД екрани, кои имаат до 5x оптички зум и модерни бои. Камерите и видео камерите доаѓаат со тенок и лесен дизајн со цени кои се движат од $99 до $199. Се очекува да бидат достапни на пазарот оваа пролет кај избрани препродавачи.

HP ги претстави дигиталните камери и видео камери со технологија на допир, интуитивен кориснички интерфејс и моќен оптички зум

Анахеим, Калифорнија, 19 февруари, 2010 – HP ги претстави петте „point-and-shoot“ дигитални камери и трите видео камери со ЛЦД екрани, кои имаат до 5x оптички зум и модерни бои.

Камерите и видео камерите доаѓаат со тенок и лесен дизајн со цени кои се движат од $99 до $199. Се очекува да бидат достапни на пазарот оваа пролет кај избрани препродавачи.

Digital_Camcorders_--_v1020h_--_luna_purple-720P

Додавајќи ги овие нови производи кон нивното растечко портфолио на „notebooks“ и „desktops“ кои имаат екран на допир, HP сега ги понуди и овие камери и видео камери со ЛЦД екран на допир. Како додаток на ова, некои од моделите поседуваат и нов интуитивен кориснички интерфејс што ги прават едноставни за употреба. Овие подобрувања во однос на интерфејсот ги вклучуваат и високо контрасните бои за да овозможат подобра видливост на менијата и изборот на повеќе од 25 подесувања на сцени за да ве осигураат дека фотографиите се изработени со највисок можен квалитет.

Кога го одбирате подесувањето на сцените екранот ќе ви прикаже две фотографии и тоа како таа ќе изгледа во „auto mode“ и како ќе изгледа во избраниот подесувач на сцените. На пример, доколку изберете “snow” подесувач за време на вашето зимовање можете прекумерно светлите и избледени фотографии да ги претворите во живописни и моќни пејзажи на снежните планини.

Digital_Camcorders_--_V5560u-1

“HP им овозможува на корисниците подобар начин на интеракција со „point-and-shoot“камерите преку моделите со напреднати карактериситки за одлична цена,” изјави Mark Ostendorf, менаџер на Business Development, Personal Systems Group, HP. “На почетниците ќе им се допаднат HP CW сериите додека корисниците кои сакаат премиуми искуство ќе уживаат во интерфејсот со допир на HP CW450t или PW460t и две од нашите нови видео камери.”

- Реклама -