Претворете го вашето куче во Twitter корисник

dsc0029Puppy Tweets е уште една нова играчка од Mattel. Покрај новата Барби, која е достапна и во верзија на компјутерски инженер, сега и вашето куче ќе може да има Twitter профил каде ќе ја набљудувате неговата физичка активност во текот на денот.

Puppy Tweets е уште една нова играчка од Mattel. Покрај новата Барби, која е достапна и во верзија на компјутерски инженер, сега и вашето куче ќе може да има Twitter профил каде ќе ја набљудувате неговата физичка активност во текот на денот.

dsc0029

Кога ќе забележи движење или излежување, направата закачена на околувратникот (во сина или розева боја) ќе испрати твит од Твитер сметката на кучето. Во зависност од тоа каква активност има вашиот миленик во моментот, текстот може да биде било што од 500-те различни твитови во базата.

Направата работи со Wi-Fi интернет конекција и USB ресивер, а вашиот компјутер треба да е вклучен за твитовите да бидат испратени.

Puppy Tweets ќе биде достапен на есен, по цена од 29$.

dsc0027

- Реклама -