Книга: Девојката со тетоважа на змеј

Devojkata_so_tetovaza_na_zmejСтиг Ларсон е шведски писател и новинар, автор на мега-популарната трилогија „Милениум“ и еден од најчитаните автори на денешницата. Иако никогаш не доживеа да ја види големината на своите дела (почина ненадејно во 2004 година), Ларсон речиси сиот свој живот го посвети на пишување за она во што веруваше и против што се бореше – расизмот, десничарскиот екстремизам и корумпираноста на политичките елити во својата земја и пошироко во Европа.

Devojkata_so_tetovaza_na_zmejСтиг Ларсон е шведски писател и новинар, автор на мега-популарната трилогија „Милениум“ и еден од најчитаните автори на денешницата. Иако никогаш не доживеа да ја види големината на своите дела (почина ненадејно во 2004 година), Ларсон речиси сиот свој живот го посвети на пишување за она во што веруваше и против што се бореше – расизмот, десничарскиот екстремизам и корумпираноста на политичките елити во својата земја и пошироко во Европа.

Непосредно пред неговата смрт, тој успеа да ги заврши трите дела од серијата „Милениум“. Досега, оваа трилогија се продаде во над 26 милиони примероци низ целиот свет, што го направи еден од најпродаваните автори на планетата.

Во првиот дел од трилогијата, насловен како „Девојката со тетоважа на змеј“, Ларсон прави комплексен, но неверојатно возбудлив сплет на детективска приказна, семејна драма, љубов и финансиски интриги, зачинет со сензибилитетот на скандинавското поднебје.

Хариет Венгер, внука на еден од најбогатите шведски индустријалисти, исчезнува пред 40 години без никаква трага, под комплетно неразјаснети околности. И по толку години, нејзиниот вујко не се откажува од намерата да ја дозне вистината за нејзината судбина. Тој го најмува Микаел Бломквист, угледен новинар, во моментот се соочен со сериозно обвинение за клевета, за последен пат да го истражи случајот. Потпомогнат од скриените таленти на необичната Лизбет Саландер, Бломквист навлегува во еден мрачен лавиринт на лаги, лицемерие, и настраности, понирајќи длабоко во интимните тајни на семејството Вангер а истовремено во најсензитивните точки на шведското општество. 

Книгата веќе доби и филмска верзија во 2009 година на шведски јазик, а во меѓувреме продуцентот Скот Рудин (Нема земја за старци) ги откупи правата за холивудската верзија, која се зборува дека ќе ја работи заедно со сценаристот Стивен Цајлиан (Шиндлерова листа).

Прочитајте дел од критиките за романот:

Оваа книга е потполно оригинален политички и новинарски трилер, истовремено интимен и морален. И покрај мрачните откритија, Стиг Ларсон напиша книжевна гозба со каракери кои нема лесно да ги заборавите.
Мајкл Ондатје

Литературна сензација, дело на зрел автор кој се појави одникаде. Ретко кога љубителите на детективскиот роман морале истовремено да слават и оплакуваат талент каков што е Стиг Ларсон.
Сандеј тајмс

Шведската криминалистичка проза, како и самата земја, има и класна и општествена свест. Прашање на време беше кога таа култура ќе го произведе својата Војна и мир. (…) Нарацијата и расплетот се дело на мајстор. Не чуди што Европа полуде по Блумквист.
Сиднеј морнинг хералд

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитник на книгата „Латиноамерикански графички дизајн“ е:

1. Виктор Манчев

{rsform 1}

- Реклама -