Книга: Ова не се Ромео и Јулија

romeo_i_julija_3DТишина. Никој не зборува. Јулија е тажна, знам, а за Ромео не можам да ви кажам. Се гледаат в очи. Веќе подолго време ги набљудувам. Не ги разбирам. Се сакаат. Знам дека се сакаат. Но зошто никој ништо не зборува? Зошто никој ништо не кажува? Сакам да помогнам, ама не знам како. Нешто се случува. Слушам зборови. Грди зборови. Гледам солзи. Ромео го повишува гласот, а Јулија не успева да го надвика.

Зборуваат за крај. Не ми се верува. Па тие си заминуваат. Секој на своја страна, луѓе мои, како и да не се случило. Како и јас да не ги набљудувам цело време и навивам за нивната среќа. Јулија ја зема својата голема чанта и почнува забрзано да оди. Ромео е сè уште тука. Ја гледа и ништо не зборува. Само ја гледа. Откако Јулија ja снемува во далечината, Ромео воздивнува. Нешто се случува. Нешто необично. Солзи. Драги мои, тој плаче. Плаче како мало дете. Плаче и Јулија. Плачам и јас. Само  што  не плачеме во исто време и на исто место…

Ксенија Николова е родена на 2 август 1988 година во Скопје. Средно образование има завршено во гимназијата „Никола Карев“, а во моментов ги завршува своите студии на Европскиот универзитет во Барселона. Со пишување се занимава уште од најмлада возраст, а „Ова не се Ромео и Јулија“ е нејзино прво објавено дело.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Длабоко во ноќта“ се:

– Фросина Атанасова
– Марија Билјановска Илијоска
– Бојана Димитриевска

- Реклама -