Книжевни предвидувања кои се оствариле

ПредвидувањеМаестралниот Едгар Алан По и не толку добриот Морган Робертсон, во своите романи предвиделе настани што се оствариле до најмал детаљ. Предвидувачка моќ или најобична коинциденција, проценете сами.

Маестралниот Едгар Алан По и не толку добриот Морган Робертсон, во своите романи предвиделе настани што се оствариле до најмал детаљ. Предвидувачка моќ или најобична коинциденција, проценете сами.

ПредвидувањаЕдгар Алан По, или како што некои го нарекуваат – господарот на хорор приказните, во својот живот има напишано само еден целосен роман „Авантурите на Артур Гордон Пим“. Продажбата на истиот ја поттикнал со тоа што тврдел оти се работи за вистинска приказна. Нормално, наоѓањето топли краишта на Антарктикот не е баш за верување, но еден сегмент од приказната е базиран на вистински настан… кој се случил 46 години подоцна.

Во една сцена од романот, бродот на кој патува Артур, наоѓа заринкан китоловец. Екипажот ги спасува сите, освен четворица од китоловците. Тие што остануваат, по некое време влечат сламки за да утврдат кој од нив ќе биде изеден за другите да можат да преживеат. Изборот паѓа на собарот Ричард Паркер. 46 години по излегувањето на романот, се случила несреќа при која заринкал бродот Миноет. Она што е најпознато за таа несреќа е судскиот процес кој следел по спасувањето, а во кој екипажот се товарел за канибализам. Немајќи излез, прегладните, тие влечеле сламки и изборот паднал на собарот, кој се викал Ричард Паркер.

ПредвидувањеМорган Робертсон, заслужено непознат американски писател, напишал еден роман кој се вика „Залудност или потонувањето на Титан“. Во него, се говори за потонувањето на „непотонлив“ прекуокеански брод на своето прво патување. Ако си помисливте дека ова е само уште една во серијата приказни за Титаник, тогаш се излажавте!

Овој роман е објавен во 1898 година или точно 14 години пред Титаник воопшто да биде завршен. Во неговата приказна, бродот Титан е опишан како челичен брод во сопственост на Британците, долг 245 метри, со сместувања слични на хотел од прва класа и нормално, непотонлив!

Морган Робертсон дава информација дека на бродот имало толку малку чамци за спасување, колку да се задоволи законскиот минимум. Ова е особено чудно, затоа што тоа нема никаква директна врска со приказната. Потаму, бродот Титан го дочекува својот крај кога удира во санта мраз, на 640 километри од брегот на Њуфаунлед, при брзина од 22,5 чвора (во случајот на Титаник се работело за брзина од 25 чвора). Недостигот на чамци за спасување станува очигледен во моментот кога бродот потонува набргу по сударот, а голем дел од луѓето немаат излез од сигурната смрт во студената вода.

Веројатно налутен што никој не ја прочитал неговата книга и не ги сфатил сериозно предупредувањата, Робертсон ја преиздал во 1912 година, колку да може на сите да им каже – ви реков?

- Реклама -