Книга: Законот на привлекувањето

Повеќе.. Од овие страници ќе видите дека се, и она што го сакате и она што не го сакате, ви се случува поради  најмоќниот закон на универзумот – Законот на привлекувањето. Најверојатно веќе сте ги чуле изреките „Сличното се привлекува со слично”, „Секоја птица лета со своето јато”,   или „Ти изгледа онака како што веруваш“ (уверувањето е само мисла која упорно се негува); и иако на Законот на привлекувањето алудирале некои од најголемите учители во историјата, тој досега не е објаснет толку јасно и практично, како во оваа книга на Естер и Xери Хикс.

Законот на привлекувањето

Од овие страници ќе видите дека се, и она што го сакате и она што не го сакате, ви се случува поради  најмоќниот закон на универзумот – Законот на привлекувањето. Најверојатно веќе сте ги чуле изреките „Сличното се привлекува со слично”, „Секоја птица лета со своето јато”,   или „Ти изгледа онака како што веруваш“ (уверувањето е само мисла која упорно се негува); и иако на Законот на привлекувањето алудирале некои од најголемите учители во историјата, тој досега не е објаснет толку јасно и практично, како во оваа книга на Естер и Xери Хикс.

Во Законот на привлекувањето ќе дознаете за сеприсутните закони што управуваат со  универзумот, и за тоа како да ги насочите да дејствуваат во ваша корист. Знаењето добиено од оваа книга ќе ви помогне да разберете се што ви се случува во животот, како и во животите на луѓето со кои доаѓате во допир.  Додека ги доживувате јасноста и брилијантноста на Абрахамовите одговори, не само што ќе почнете да чувствувате вистинско задоволство, затоа што вашите одамнешни прашања добиваат одговори, туку ќе ја откриете и суштината на своите животни искуства. А кога, по новиот поглед за живот, ќе почнете да ги применувате практичните процеси понудени во оваа инспиративна  книга, пред вас ќе се отвори еден чудесен свет, во кој вие ќе бидете, ќе го работите, и ќе го имате сето она што го сакате.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Пурпурна крава се:

– Ирена Костурска
– Марија Дулева
– Јана Децкова

 

- Реклама -